Од опозициската ВМРО ДПМНЕ  со сооптение реагираа на денешната прес конференција на Заев во однос на Акцискиот план против ширење дезинформации. Од таму обвинуваат дека Зоран Заев, синонимот за лаги и дезинформации, се обидува да воведе цензура на медиумите кои не размислуваат како него.

Денешната прес конференција е само уште една потврда дека слободата на говор во Македонија е загрозена, а медиумите се соочуваат со уцени, закани и цензура од власта. Ако сака да знае што се навистина “лажни вести“, еве ќе го потсетиме:

Лажна вест и дезинформација е дека Зоран Заев не знае кои се Кики и Фрики.

Лажна вест и дезинформација е дека Курто Дудуш не малтретирал и не навредувал сограѓанин.

Лажна вест и дезинформација е дека генералниот секретар на Заев не учествувал во незаконски разговори за тендер тежок 7 милиони евра.

Лажна вест и дезинформација е изјавата на Заев дека Македонија лани во јуни доби датум за почеток на преговори.

Лажна вест и дезинформација е дека Заев додека дише нема да го смени уставното име и дека ќе го штити идентитетот и жицата македонска.

Лажна вест и дезинформација е дека Заев ќе обезбедел економски раст од 5-7% на годишно ниво.

Лажна вест и дезинформација е дека Заев ќе го намалел бројот на министерства во владата, велат од Дпмне.

Зоран Заев со лаги и дезинформации дојде на власт. Секоја негова лага и дезинформација сега се открива. Затоа е Заев во паника и се обидува да ги заплаши и цензурира медиумите.Лагите и дезинформациите ќе бидат совладани, кога најголемиот лажго Зоран Заев ќе стане минато и ќе си замине од власт, велат од Центарот  за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ