Без никаков срам СДСМ и понатаму продолжува да се фалат за вакцината против ковид-19 кога сѐ уште не се знае кога граѓаните ќе можат да ги добијат вакцинити и колкaва ќе биде бројката. Во сите држави во регионот веќе стигна и втора тура на дози од вакцините против корона, во Македонија, Заев и Филипче не успеаја да набават ни прва, а не пак да почне вакцинација, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
Од СДСМ лажат дека се обезбедени 800 илјади дози вакцини за 2021 година, па нели Филипче рече пред некој ден дека се обезбедени милиони и двесте илјади вакцини или за милион и двесте илјади граѓани. Или нивниот Филипче кажа дека ќе има вакцини кои ќе се набават по три механизми и дека очекува 833 илјади дози од КОВАКС, потоа 800 илјади директно од Фајзер, и 800 илјади од канцеларијата на Европската делегација. Ама не знае го знае терминот. И се додека не го знае терминoт за старт на вакцинација се е џабе или лага. И додека Филипче, а и Заев само се вплеткуваат во своите лаги денес па утре, па во февруари ќе има вакцина, има починати повеќе од две илјади и шестотини граѓани од корона – велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека граѓаните не заслужуваат вакво здравство и дека за ова следи одговорност.
Comments are closed for this post.