ВМРО-ДПМНЕ се уште го анализира предлог-законот за Јавното обвинителство, а станува збор за закон кој што треба да ја донеси правдата во Република Македонија, посочи денес на прес-конференција Димче Арсовски, портпароот на опозициската партија.
Ова е закон предложен од Зоран Заев а знаеме дека Зоран Заев моментално е најкриминалното суштество кое што се обидува да се спаси. Така да треба да се прочита со внимание за да се видат сите скриени намери кои што веќе добро ни се познати на сите, односно да се заштити самиот. Така да во текот на наредните денови ќе излеземе со
Тој потврди дека ВМРО-ДПМНЕ подготвува свој предлог-закон за Обвинителството и тој е во завршна фаза.
На прашањето дали е прифатлив предлогот на Алијанса на Албанците наследник на Катица Јанева да биде некој странец, Арсовски рече дека кој ќе биде наследник на Јанева треба да биде донесено со партиски консензус откако ќе се утврди законот.
Се дотогаш треба да се направи закон кој што ќе биде вистински направен за да ја донесе правдата во Република Македонија, за веднаш потоа да се разговара за име, односно кредибилно име кое што навистина ќе може да ги сведе сите овие криминали во Македонија до самиот финиш и криминалците кои што се огрешиле пред правдата да одговараат. Нормално тоа не беше случај со Катица Јанева и со Русковска обвинителството кое што е во блиска корелација со Зоран Заев“, одговори Арсовски.
Русковска не е прифатлива
0 Според она што го кажувате изминативе денови вие нема да го подржите овој закон, тоа значи дека друго нешто што го барате се предвремени парламентарни избори ?
Предвремени парламентарни избори е прашање, односно е тема која што подолго време кружи во јавноста и ние тоа го бараме, тоа треба да се случи уште веднаш. Зоран Заев да ја распушти Владата, да си даде оставка, да распише предвремени парламентарни избори, за да прекине се ова што се случува во моментов. Во однос на законот за јавно обвинителство, кажав вчера ќе кажам и денес. За нас не е прифатливо решение како Вилма Рускоска која е во блиска корелација со Зоран Заев. Во однос на другиот дел од законот тоа е оној закон кој ќе се поднесе во Собранието, тој во моментот е предмет на анализа, но како што реков и вчера, можно е да е прифатливо спојување на СЈО со ЈО, меѓутоа да почекаме до крајот на анализата на нашите партиски тела, односно правната комисија, преговарачите за Законот за јавно обвинителство и веднаш потоа ќе имате сите одговори, во однос прифаќање на закон, амандмани, поднесување на нов закон, не знам, можни алтернативи за јавен обвинител и сите останати работи кои што се важни за да се заврши оваа тема.
Comments are closed for this post.