Време е Шилегов да престане да глуми градоначалник и да ги засука ракавите да започне да работи. Петре Шилегов треба да знае дека функцијата градоначалник освен привилегии носи и одговорности, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Петре Шилегов година ипол како е градоначалник, а за Град Скопје ништо не стори. Не знаеме Шилегов колку е добар за својата партија, но за граѓаните не е. Петре Шилегов наместо градоначалник кој работи суштински проекти за граѓаните, тој е градоначалник за кого најголем дострел е промоција на автобуска постојка, рекламирање како вози тротинет и потпишување на меморандуми за соработка – стои во партиското соопштение.

Понатаму се додава:

Шилегов демонстрира подеднаква неспособност како и неговиот шеф Зоран Заев. Шилегов е најнеспособниот градоначалник на Скопје и тоа се гледа од ден во ден, кој по година ипол позади себе нема ниту еден сериозен проект. Шилегов нема капацитет да го води Скопје. Шилегов мора да си замине.