Јасно е дека Зоран Заев нема намера да понесе одговорност за недобивањето дата за преговори со ЕУ, уште помалку за лагата дека датата „кристално чиста и добиена уште лани“. Нема намера да понесе одговорност за економскиот колапс и девастацијата на Република Македонија. Нема намера да се повлече заради цутот на криминалот заштитен во пупката на заевизмот. Нема намера да се повлече заради непотизмот и партизацијата во администрацијата, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Зоран Заев  како што вели Стоилковски нема намера да се повлече заради целосното уништување на здравството, образованието, социјалната политика.

„Падот на градежништвото и нереализацијата на капиталните инвестиции не се причина Зоран Заев да понесе одговорност, според него. Ниту пак мисли да сноси одговорност за тоа што нему блиски соработници како адвокати влечат огромни суми од јавните претпријатија за адвокатски услуги, или пак за трговијата на црно и деспотското однесување.“

„Единствено за што се грижи Зоран Заев е да си обезбеди партиска иднина. Зоран Заев нема намера да престане со лажење и девастација на државата, претворање на Република Македонија во приватен пашалак на кланот на власт. Ослободувањето на дел од посочените блиски на Заев од партиските функции и одговорности не е ништо друго освен манипулација за јавноста. Се тоа е театар потребен за ново задоволување на апетитите во партијата.   Република Македонија нема никаква корист од внатрепартиските смени во СДСМ, додека кланот на власт ја предаде државата во раце на мафијата. Зоран Заев и неговиот клан се најголемата непогода за Република Македонија. Се’ до целосен пад на Заев и на неговиот криминален клан, државата ќе продолжи да тоне“, рече Стоилковски.