ВМРО-ДПМНЕ денеска со почеток од 18:30 часот организира протести со возила во седум градови против, како што велат од партијата, криминалот, корупцијата, неправдите и прогонот.

Од партијата ги повикуваат сите граѓани да им се приклучат на протестите. Протестот во Скопје ќе започне од СЦ Јане Сандански, па се до Владата на Република Македонија.

Во исто време најавени се и протести во општините Велес, Охрид, Куманово, Прилеп, Штип, Битола.

Македонија стана земја на криминалци, мафијаши на власт и неправда. Има за врхушката на власт, а нема за народот. Прогонот на политички неистомисленици стана секојдневие од страна на власта, која пак го прикрива стравот од казната која им следи од народот. Криминалот и корупцијата на власта се сериозни проблеми со кои се соочува државата, а вмешаноста во корупциски скандали и афери на луѓе од власта и блиски до Заев стана нормалност. СДСМ и Заев мора да заминат на темната страна на историјата, а Македонија мора да биде правна држава во која ќе владеат законите подеднакво за сите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.