Власта која брани криминал продолжува со политички прогон, дефокусирање и газење на волјата на граѓаните. Власта е исплашена од народот после референдумот и црвениот картон кој го доби и затоа е донесена денешната одлука за Груевски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партискиот портпарол Димче Арсовски вели дека на овој начин власта ја покажува својата немоќ. Тој додава дека народот нема да го заборави криминалот на оваа влада, ниту предавството  на националните и државните интереси.

Ова судот треба да го знае, но и оние кои му шепотат на судот како за овој случај така и за оној случај во поткуп кога Заев беше ослободен или оној градоначалник шверцер кој е на слобода, дека ќе дојде време кога правдата ќе биде задоволена а вистината ќе дојде на виделина.