Имајќи предвид дека цените на многу производи, но и на електричната енергија се зголемени, од гопема важност е да им се помогне на пензионерите за да им се зачува стандардот.
Ова денеска го изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, соопштувајќи дека денеска во Собранието на Македонија поднеле предлог за законски измени по скратена постапка, со кои се регулира дека пензионерите од април ќе добиваат повисоки пензии за 20 проценти.
Мицевски нагласи дека треба да се обезбеди зголемување на старосната пензија, но и на сите останати видови пензии.
-Имаме генерациска должност да се грижиме и да ги почитуваме повозрасните граѓани кои во еден период принесувале за државата со својот труд, за што треба да им бидеме благодарни. Доколку не постои зголемување на пензиите, пензионерите ќе бидат доведени до работ на сиромаштијата, изјави тој.
Мицевски апелираше до парламентарното мнозинство да го поддржи овој предлог закон и едногласно да се донесат законските измени за повисоки пензии, како што тоа беше сторено за зголемување на минималната плата на 18 илјади денари.
Comments are closed for this post.