Ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, бившиот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот шеф на кабинет на Влада, Мартин Протуѓер, како и пет други обвинети во „Титаник“ признаа вина, некои за сите дела, некои за дел од делата.

Признавањето вина доаѓа откако денешното рочиште за случајот „Титаник“ почна од почеток бидејќи имаше промена на поротник во судечкиот совет.

Јанкулоска признала вина за сите дела за кои се гони, а Протуѓер и Јанакиески не признаа само за злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања. Меѓу осумтемина што признаа вина е и поранешната заменик-министер за правда Билјана Бришковска-Бошковска.

Дел од нив рекоа дека ќе преземаат одговорност како морален чин, како и дека сметаат оти овој судски процес не ни требало да почне со оглед на помилувањата од поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

Кирил Божиновски кажа дека не се чувствува виновен, па додаде:

-Ќе докажам дека не сум виновен во постапката.