ВМРО-ДПМНЕ: Со повратот на ДДВ ќе неможе да се плати ниту сметка за струја

25.06.2019 / 10:00


Државата е во опасност кога со нејзиниот буџет директно управува аболиран криминалец како Зоран Заев, ова денеска преку соопштение го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Од денот кога аболицираниот Заев и неговата криминална банда ја превзедоа власта во Македонија граѓаните се се посиромашни и посиромашни, а македонската економија е во слободен пад. Цената за расипничкото трошење на народните пари  ја плаќаат македонските граѓани. На македонската економија црно и се пишува, сега откако Заев се самопрогласи за министер за финансии. Човек кој еднаш е аболициран за економски криминал, а вториот пат амнестиран од заробеното судство исто така за економски криминал не смее да  му се дозволи да управува со државната каса. Кланот Заеви, познат по матните зделки сега е еден чекор поблиску до парите на граѓаните, еден чекор поблиску до државниот буџет, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека криминалната банда на власт продолжува да ги манипулира граѓаните, со најавата дека ќе парите ќе се вратат кај граѓаните преку повратот на ДДВ. Откако две години безмилосно грабеа од државниот буџет преку криминални тендери, грантови и партиски вработувања, власта сега промовира  мерка која за обичниот граѓанин нема да значи ништо.

-Со повратот на ДДВ ќе неможе да се плати ниту сметка за струја, а не пак 500 евра како што ветуваше Заев. Благодарение на повратот на ДДВ, според потрошувачката кошничка едно просечно четиричлено семејство ќе добие само 156 денари месечно или 1.872 денари во годината. Што значи дека на едно семејство ќе му бидат потребни 16 години за да ги добие назад 30–те илјади денари кои ги ветуваше Заев. Очигледно е дека од оваа мерка единствено корист ќе имаат најбогатите. На македонските граѓани им се потребни вистински проекти и мерки, кои ќе го подобрат животниот стандард, на повеќе од 500 илјади граѓани кои живеат со еден оброк на ден им е доста од погубните политики на власта. Македонската економија, македонската држава може да се врати на вистинскиот пат, само кога Зоран Заев ќе си замине во политичка пензија, стои во партиското соопштение.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик

пред 7 часа
Македонија

Мицкоски убеден: Хорор соништата на СДСМ нема да станат јаве

пред 7 часа
Македонија

Kaсами е лут, вели дека не бил тројански коњ

пред 9 часа
Македонија

Kaко беше осободено Скопје од фашистичкиот окупатор

пред 11 часа
Македонија

Ива Михајлова не поминала на ниту еден граничен премин

пред 22 часа
Македонија

Toшковски: Вкупниот број убиства во земјава заклучно со октомври е најмал во последните шест години

пред 24 часа
Македонија

Димитријевиќ со кривична поднесе кривична

пред 1 ден
Македонија

Алта банка влезе во Македонија како банка која што има удели во банка во ЕУ

пред 1 ден
Македонија

Око за око, кривична за Филипче

пред 1 ден
Македонија

Сиљановска-Давкова на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

пред 1 ден
parla iptvstarzbetcasino siteleristarzbetgrandpashabet9037.combahis sitelerien iyi bahis siteleri yasalen iyi bahis siteleri yasaljojobet girişgrandpashabet girişGrandPashabetGrandpashabetgrandpashabetgrandpashabetdeneme bonusukumar siteleriGrandpashabet girişcasino siteleribahis sitelerigüvenilir bahis sitelerikahraman haberdeneme bonusugrandpashabetgiftcardmall/mygiftextrabetjojobet