Заев одлучи министерот за финансии да биде меѓу оние кои ги зафати најавената метла во владата. Премиерот ќе биде и министер за финансии. Една од причиниите за ваквиот потег рече дека е тоа што претстојниот период економијата ќе биде во фокусот. Тевдовски веројатно ќе биде негов советник.

Но дали и Тевдовски се согласил дека треба да биде сменет? Еве што говореше тој за ресорот со кој раководи. Пред речиси месец и половина изјави дека е задоволен од работата на сите институции кои спаѓаат под министерството за финансии и реформите кои ги направиле.

Ако треба јас како министер да сумирам во однос на органите во состав и за УЈП и за Царината, Управата за имотно правни работи, Финансиска полиција, финансиско разузнавање, јас сум целосно задоволен од работата, товарот кој го понесоа и од реформите кои што се направени, изјави Тевдовски.