Полицаец бил физички нападнат на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово при вршење службена должност кога се подигнувало непрописно паркиран автомобил. Инцидентот се случил околу 16:30 часот, а по нападот приведен е напаѓачот Н.С (29) од Шемшово.

„Лицето Н.С (29) од Шемшово е приведен и задржан во полициската станица во Тетово за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, соопштија од СВР Тетово.

Полицаецот при нападот здобил и телесни повреди поради што е задржан на лекување во тетовската Клиничка болница.

За два месеци ова е втор напад врз полицаец во Тетово. На 30 април 49-годишен жител на Тетово заврши во полициска станица на распит откако на улицата „Илинденска“ во Тетово прво одбил да се легитимира, а потоа и почнал да бега. Откако бил стигнат, Ј.С. физички нападнал еден од полициските службеници. Лицето потоа е лишено од слобода и задржан во Полициската станица Тетово.

Во статистичката евиденција на СВР Тетово се бележат околу 40-тина напади за 2018-та година.