Зоран Заев и Венко Филипче пoд итно да престанат со демагогиjата која ја шират во јавноста за некаква борба против короната и теоретска расправа, нека погледнат во болниците и ќе видат дека луѓе умираат поради недостаток на кислород и поради распаднатиот систем, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата прашуваат за какви црни стандарди говори Филипче кога во една соба седат пациенти и на подот, заедно со луѓе за кои не е проверено дали имаат ковид.
Наместо да ги опремат болниците со доволно болнички кревети и да ги заштитат медицинските лица, Заев и Филипче се окупирани со легализација на марихуана и градење на хациенди. Поради лагите нз Заев и Филипче дека се е под контрола досега починаа 1.546 граѓани. 1.546 животи згаснаа прерано затоа што неодговорното однесување на Заев и Филипче ги остави без соодветна и навремена болничка грижа. Нивната неспособност и незаинтересираност за здравјето на граѓаните ја стави Македонија на врвот по починати лица на милион жители. Семејствата се во очај затоа што системот на Заев и Филипче е така создаден да нема кој да им помогне на нивните најблиски. Нивната негрижа оди дотаму што со месеци ги оставија без заштита и здравствените лица и затоа толку е висока стапката на заразени медицински работници, а за жал некои и починати. Оставката на Филипче е нужност и главна реформа која мора да се случи во здравството. Државата не смее повеќе заради Заев и Филипче да се завива во црно. Потребна е одговорност веднаш. Заев и Филипче мора да поднесат оставки за да се спасат што е можно животи повеќе, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.