Здравството е во целосен колапс и како да не се доволни проблемите со кои се соочуваат граѓаните поради пандемијата од КОВИД-19, дополнително во ЈЗУ „Општа болница“ не е во употреба компјутерскиот томограф, ова денеска преку изјава за медиумите го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Како може Директорот на болницата во ваква ситуација да изјави дека нема средства да се набави нов томограф? Дали за него и за министерот Филипче е во ред пациентите да се препраќаат по приватни болници каде КТ снимање чини повеќе од 100 евра? Зошто не си ни обидувате да го поправите и да извршите замена на нова цевка со која ќе се стави во функција? Во сè потешка економска положба во која се наоѓаат голем број граѓани, немаат сите пациенти можност да издвојат дополнителни 6000 денари за приватен преглед, велат од партијата.

Додаваат дека бараме веднаш Министерството за здравство да обезбеди средства!

Власта не ветуваше ваков живот. Граѓаните не заслужуваат вакво здравство. Доколку навистина се грижите за здравјето на граѓаните ве молиме повлечете се и препуштете им ја работата на оние кои знаат како се прави тоа затоа што докажавте дека не можете да ги менаџирате институциите, стои во партиската изјава на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.