Откако ВМРО-ДПМНЕ обезбеди мнозинство во советот на Град Скопје, потпретседателот на партијата, Александар Николоски, порача дека патот до победата и промените во Скопје е отворен.

Истовремено, Николоски порачува и дека е извесно дека Данела Арсовска во недела ќе биде новиот градоначалник на Град Скопје и ги повика граѓаните да го заокружат бројот 82.

Ја известуваме јавноста дека досегашната парламентарна опозиција во македонското собрание, преку освоените советници во Град Скопје на последните Локални избори 2021, обезбедија апсолутно мнозинство од 24 советници од вкупниот број на 45 советници во Советот на град Скопје.

 

Новото градско мнозинство ќе функционира по принципот на конкретна соработка на точно одредени програмски проекти кои се во јавен интерес на народот и исклучиво за доброто на локалните жители и на месното население.

 

Со ова, обзнануваме дека актуелната владина коалицијата на СДС и ДУИ ќе биде опозиција во градот Скопје. Следуваат многу подобри денови во раководењето со градот, во корист на сите жители на Град Скопје и на неговите општини – порача Николоски