„Наместо градоначалник кој работи суштински проекти за граѓаните, тој е градоначалник за кого најголем дострел е промоција на автобуска постојка, рекламирање како вози тротинет и потпишување на меморандуми за соработка“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција на Петре Шилегов на која градскиот татко најави дека Град Скопје започнува со градежна офанзива по сообраќајниците во Скопје.
„Не знаеме Шилегов колку е добар за својата партија, но за граѓаните не е. Петре Шилегов наместо градоначалник кој работи суштински проекти за граѓаните, тој е градоначалник за кого најголем дострел е промоција на автобуска постојка, рекламирање како вози тротинет и потпишување на меморандуми за соработка“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата бараат Шилегов да си замине од функцијата.
Градоначалникот денеска присуствуваше на стартот на работните активности за менување на асфалтот на улицата кај гимназијата „Јосип Броз Тито“ од каде најави дека Град Скопје во моментов работи на реконструкција на три булевари нешто, што како што рече градоначалникот Шилегов, на градот не му се случило ни по земјотресот.
Comments are closed for this post.