Град Скопје почна со реконструкција на улицата „Димитрие Чуповски“, од потегот од крстосницата со булевар Климент Охридски до ТЦ „Палома Бјанка“. Ќе се менува стариот и оштетен асфалт и ќе се поставува нов, рече градоначалникот Петре Шилегов кој најави дека очекува градежните работи да завршат за околу 20 дена.

Тој рече и дека деновиве почната е санација на мостот Гоце Делчев која ќе биде завршена во текот на летниот период, а нагласи и дека во моментов Град Скопје работи на три булевари, „Асном„, „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски-Карпош“.

Најави дека во претстојниот период ќе се одвиваат повеќе градежни работи, апелирајќи до граѓаните да бидат трпеливи поради сообраќајниот метеж што ќе биде создаден.