Кога станува збор за градинките има многу нејаснотии. Го праќам детето во установа која го згрижува и таа установа е виновна за нешто што ќе се случи додека детето е таму. Значи ако таму се зарази детето, многу е неодговорно градинките да бараат од родителите да се согласат градинката да се огради од одговорност ако нивното дете се зарази таму, рече доктор Андон Чибишев на гостувањето на телевизија Алфа во емисијата Што не е јасно.

Имаше тестирања меѓу персоналот, вели докторот, но тоа беше одамна во мај.

-Тестирања требаше да има и сега меѓу вработените, дополнително затоа што вирусот и се повторува, посочи Чибишев укажувајќи дека ова е сериозен проблем затоа што многу лица немаат кој да им ги чува децата, а тешко е и да работат од дома.

Според него токму поради ова и поради фактот што ова брзо нема да помине мораше да се организира системот.