Пописот кој што власта на Заев насилно сака да го истера е обична политичка операција, а не статистика. Самиот факт што за релевантноста на резултатите потребен е врзан потпис на директорот и заменик директорот на ДЗС доволно покажува дека се работи за политички пазар на партиите од власта, што не гарантира реални податоци, туку фалсификат, соопштуваат од ВМРО-ДПМНе.
Од партијата посочуваат дека Заев покажал дека кога се работи за неговата политичка кариера е подготвен на секаков политички пазар, па и овој попис е нова епизода од неговите пазарења.
Законот за попис и пописот, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, се спротивни на сите европски стандарди и затоа се уште нема методологија на само два месеци пред пописот.
На пописот по стандарди на Заев се предвидува да се попишуваат лица нерезиденти кои се иселени од Македонија, спротивно на сите стандарди за попис на постојни жители. Патем попишувањето може да се врши со обично диктирање на матични броеви, без приложувања на документи и дополнително таквите информации да ги дава лице кое добро ги познава другите лица за кои ќе соопштува податоци. Ваков попис никаде не е виден, целосно спротивен на стандардите на Еуростат. Дополнително, власта насилно наметнува голема теренска операција во сред пандемија, кога сите сериозни земји во регионот и Европа ги одложуваат своите пописи за да не го загрозат здравјето и животите на своите граѓани. Ова може само да гарантира дека власта веќе ги има резултатите од пописот и само треба да ги објави, за што говорат и отворените лицитации со резултати, бројки и проценти. За каков релевантен и легитимен попис тогаш може да се говори, кога истиот се спроведува по принципот „како Заев замислува попис“, се наведува во соопштението на партијата.
Comments are closed for this post.