Криминалната власт на чело со Зоран Заев вчера застана зад криминалот на Спасовски. СДСМ не ја поддржа интерпелацијата на Спасовски и со тоа ги одобри нерасчистените убиства, грабежите и запалените автомобили, кои станаа редовна појава низ улиците на Скопје и градовите ширум државата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Спасовски уште од самото назначување го започна својот мандат криминално. Потроши 1 милион евра Чешка донација за договор во четири очи за набавка на 40 возила Шкода Октавиа, прозван беше и од граѓаните и од медиумите, но одговорност никој не понесе. МВР под Спасовски се претвори во заштитник на криминалот. Откако е Спасовски на чело на МВР има 9 нерасчистени убиства за кои јавноста е информирана, а грабежите и разбојништвата станаа пракса. Граѓаните се исплашени да излезат навечер. Скопје е претворено во Бејрут, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека се палат авотмобили на секој чекор, а власта не презема ништо.

Спасовски го искористи МВР и за делење на лиценци за милионскиот бизнис со возачки испитни центри, со што бизнисите ги добија фирми формирани непосредно пред да се распише огласот. МВР по раководство на Спасовски е  повеќе на штета отколку во корист на граѓаните. Спасовски и СДСМ мора да си заминат. Со секој поминат ден со СДСМ на власт Република Македонија е се понебезбедна држава. Потребно е СДСМ да си замине, тоа е можно само на предвремени парламентарни избори кои ќе се распишат со победата на Гордана Силјановска Давкова на претседателските избори, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.