Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил напиша дека за време на говорот по повод одбележувањето на 76 години од депортацијата на македонските Евреи направил ненамерна грешка со зборовите трагедија и традиција.

Зав во обраќањето рече „Холокаустот не е само еврејска традиција, ниту само една темна страница од втората светска војна. Со сиот свој ужас овој геноцид е предупредување и лекција за сите на нас од сите вери за сите времиња“.