Зоран Заев со својата криминогеност ниту може да донесе напредок на Македонија, ниту може да донесе подобар живот на граѓаните. Кревањето на знамето нема да ги покрие корупцијата на криминалниот картел на власт, епидемијата на непотизам, хаосот во здравството кој се плаќа со човечки животи, колабираната економија, уништено земјоделие порази на секој чекор, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Огромно мнозинство во Македонија поддржуваше членство во ЕУ и НАТО и тој број е с’е уште голем, но цената која Заев им ја испорача на граѓаните е премногу голема. Тоа е резултат на неговата неспособност да ги заштити националните и државните интереси, а притоа да ги оствари стратешките цели. За жал поради властољубието и корумпираноста на Заев и картелот околу него денес се соочуваме со згазен идентитет и достоинство кое од ден на ден се надополнува со економски неуспеси, осиромашување на граѓаните, богатење на врхушката на власт и безнадежност на младите.

Ваквата состојба во државата ќе трае се дури Заев е на власт. Неговиот пораз на избори ќе биде нова зора за граѓаните и успех за Македонија.