Случајот „Рекет“, кој е една од најголемите афери и случаеви на Владата на СДСМ каде што се вмешани директно  СДСМ и нивни луѓе иако од петни жили се обидуваат да го негираат истото. Од ден во ден овој случај добива се поголеми размери целиот скандал, а Заев и СДСМ молчат и се обидуваат да се исперат од целиот криминал во кој се вмешани во овој случај наречен „Рекет“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на прес-конференција.

„Заев и СДСМ да одговорат на следните прашања кои или ги избегнуваат или се обидуваат да ги замолчат новинарите на прес конференциите на Заев да не ги постават.

Медиумите веќе пишуваат, а СДСМ уште веднаш да одговори – како е можно луксузни автомобили да завршиле во семејството кај Зоран Заев, односно кај неговиот братучед Трајче Заев? Потенцирам луксузни автомобили кои што биле во сопственост на рекетираните бизнисмени. Истите коли може да се видат како ги возат роднини на Зоран Заев низ Скопје или низ Струмица.

Зошто најпрвин поднесе оставка Катица Јанева, за потоа после 2 дена да отвори боледување? Кој е докторот и зошто и отворил боледување на Катица Јанева, која како што знаеме два дена претходно поднесе оставка? Доколку е фиктивно и во насока да ја заштити Катица Јанева, докторот кој го отворил боледувањето треба да е свесен дека ќе одговара за таа постапка.

Зошто не се расчистат сомнежите каде се крие Катица Јанева и дали е во или надвор од Република Македонија“, праша Арсовски?

Тој праша и зошто Катица Јанева и нејзиниот син Лазар Јанев се уште не се повикани на распит во ЈО.

Според него, сомнежите кажуваат дека токму синот на Катица Јанева, Лазар Јанев одел со Боки 13 на состаноци со рекетираните бизнисмени и заедно со него уценувал.

Молкот на овие прашања потврдува дека СДСМ и раководството на СДСМ стои директно позади целиот овој криминал и ја штити Катица Јанева од целиот криминал.

Ова е октопод на кој треба да му се скине главата, а не пипците за потоа пак да му пораснат и повторно да гледаме по улиците како се рекетираат луѓе бизнисмени, политичари како се уценуваат.

Што побрзо се скине главата на октоподот, односно Заев падне од власт, толку побрзо државата ќе тргне напред“, рече Арсовски.

Потврдена спрегата меѓу СДСМ и Русковска

Зоран Заев потврди уште еднаш дека сето она што го зборевме година, две откако е направено СЈО, дека е полно со криминал и корупција и дека не може да одговори на висина на задачата за која што е направено, рече Арсовски.

Практично сега со угаснувањето на СЈО Зоран Заев го потврдува криминалот кој што го правеле и ги потврдува сите оние намери кои што ги имало СЈО да уценува и да биде од политички интерес на СДСМ и на Зоран Заев. Со спојувањето на СЈО во ЈО, односно со припојувањето, на некој начин со влегувањето тоа е практично прифатливо и тоа е една од да речам оние можности кои што беа понудени. Во однос на деталите на законот веднаш што биде анализиран ќе излеземе со конкретни забелешки, бидејќи треба време за целиот закон да видиме колку е поразличен од оној ние што го подготвувавме, колку е поразличен од точките кои беа разговарани на средбите на преговарачките тимови итн. А во однос на предлогот на нов практично Јавен обвинител како што го нарече Специјален јавен обвинител, Вилма Русковска, Зоран Заев уште еднаш ја потврди спрегата помеѓу СДСМ, него и Русковска обвнителството, односно ушт еднаш потврди дека неговиот предлог за нов обвинител, наместо Катица Јанева е негов личен избор, односно човек кој што целиот изминат период работел за интересите на СДСМ и на оваа влада, и практично беше дел од таа селективна правда која што ја нарачуваше Зоран Заев од канцелариите на владата, а Русковска обвинителството и Кацарска судството ја исполнуваа на дело односно сите оние кои што беа против Зоран Заев, кои што ќе се обидеа да кренат глава против Зоран Заев,Русковска и Кацарска ги обвинуваа и ги судеа. Така да тоа е една лична желба на Зоран Заев која што за нас е далеку од прифатлива“, истакна на денешната прес-конференција Арсовски.