Доколку власта го изгласа Законот за попис без национален консензус, ВМРО ДПМНЕ нема да ги признае резултатите. Ова го најави лидерот на партијата Христијан Мицкоски, обвинувајќи дека владејачкото мнозинство сака насила да го донесе Законот. Мицкоски вели дека со текстот се подготвува политичка, а не статистичка операција. Доколку бидат игнорирани нивните апели за поширока дебата која ќе донесе опта согласност, Мицкоски најави дека ќе следува граѓанска мобилизација, односно собирање на потписи во Министерството за правда, со кои ќе предложат поништување на резултатите од претстојниот попис и нов предлог закон во Собранието.
ВМРО ДПМНЕ: Без консензус за пописот, нема признавање на резултатите
Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.