Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими поглаварот на Исламската верска заедница, Реис Ул Улема Х. Хфз Шаќир еф. Фетаи.

Честитајќи му го изборот за поглавар на ИВЗ, претседателот Пендаровски му посака успех во работата и ги потенцираше своите заложби за соработка со сите верски заедници во Македонија.

Претседателот Пендаровски изрази уверување дека Реис Ул Улема Х. Хфз Шаќир еф. Фетаи ќе даде значаен придонес во мисијата на ИВЗ, во унапредувањето на соживотот и почитувањето на различностите, како една од темелните вредности на нашата држава.

На средбата поглаварот на ИВЗ го запозна претседателот Пендаровски со тековната работа на заедницата, како и планираните активности и проекти во следниот период.