Убијците кои извадија автоматско оружје и пукаа, токму на ова фреквентно место се шетаат слободни. Слободен сеуште се шета и убиецот кој пред десет месеци ладнокрвно, на сред улица го ликвидираше младиот фудбалер Мартин Јанушев. Помина цела недела, а јавноста нема информации ни каде се убијците, ни кои се, ниту зошто го сторија бруталното убиство, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој обвини дека МВР е целосно инертно.

МВР под раководство на Оливер Спасовски наместо за граѓаните работи за криминалците.  Пред точно една недела, овде среде Скопје на улица „Рузвелтова“ со испукани над 25 куршуми од калашников од возило во движење, две лица беа брутално убиени. Самиот факт што некој се осудил во сред центар на град на фреквентна локација да пука покажува дека безбедносната состојба во државата ни е сведена на  нула, истакна Ѓорѓиевски.

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од министерот за внатрешни работи.

Спасовски мора да сноси одговорност, но и да одговори, дали жртвите се блиски до еден член и активист на СДСМ кој напаѓаше опозициски политичари, а дали зад целиот случај дали има инволвираност и на лица од државната безбедност?  , прашува опозицијата.