Движењето Беса“ со кое раководи Биљал Касами, денеска најави дека ако дојде до гласање за уствни измени тие ќе дадат предлози за унапредувањето на уставните права на Албанците во Македонија.

Сметаме дека е историски момент ако се отвори прашањето за уставните промени, Движењето Беса ќе даде конкретни и концизни предлози во врска со унапредувањето на уставните права на Албанците во Македонија како втора по големина етничка заедница во земјата, велат од партијата.

Во однос на можноста за предвремени парламентарни избори и предизборни колалиции, Движењето Беса категорично ја отфрла можноста за предизборна коалиција со СДСМ, оценувајќи дека секоја коалиција на СДСМ со било која албанска партија без да ги заокружи уставните права на Албанците како еднакви граѓани во Македонија, би биле штетна за интересите на Албанците.