СДСМ за да го покрие својот неуспех во делот на пензиите, односно за да го покрие намалувањето на пензиите изминатиов период, обелодени скандал за кој всушност се виновни самите тие заедно со ДУИ како коалиција, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е голем скандал за кој е одговорна директно владата. Главното прашање е дали има проневера, колкава е проневерата и кој ја извршил проневерата со парите од пензискиот фонд Овој скандал со проневера на парите од ПИОМ кој го обзнани Царовска и кој во моментов е актуелен мора да има завршница и некој од надлежните мора да сноси одговорност. Или Царовска или директорот Зењели, вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Заради вакви скандали мора да има предвремени парламентарни избори, повтори Арсовски.

Заради сите овие вакви афери и криминалии на власта, треба да има предвремени парламентарни избори на кои што конечно оваа криминална, транзициона влада ќе падне и ќе замине во историјата, а сите предизвикувачи на криминал ќе заминат во затвор каде што им е местото, рече портпаролот на опозициската партија.