Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара обвинителството да истражи дали постои вмешаност на функционери на СДСМ во аферата”Рекет”. Од партијата прашуваат дали функционери на СДСМ им помогнале на луѓе од Меѓународен Сојуз на пензионерка да и ги одземат 750 000 евра кои битолски градежен бизнисмен и ги уплатил за изградба на станови. Според ВМРО-ДПМНЕ очигледно дека невладината организација на Бојан Јовановски Боки 13 била замешана во сомнителни трансакции со индиции за криминал.

Внимавајте, невладина организација која што членува повеќе од половина од власта за наводна грижа на повозрасни граѓани, злоупотребува повозрасни госпоѓи и според сведочењата кои што ги слушнавме ја туркале во инвалидска количка за да може полесно да и ги земат парите. Но ова не е се. Во 2018-та градежна фирма од Струга на потпретседатлката на Сојузот на Боки 13, и исплатиле 233 илајди евра со авторски договор по слична основа како претходно битолската фирма на госпоѓата. Каде се овие пари? Како се потрошени? Дали функционерите на СДСМ добивале пари од овие скандалозни трансакции? Зошто не пријавиле доколку им било сомнително? Обвинителството на Русковска ако сака навистина да го расветли случајот со октоподот тогаш треба да ја испита работата на оваа невладина организација Меѓународен сојуз Скопје. Но таа тоа не го прави. Дали се плаши дека ако почне да чепка по работењето на организацијата на Боки 13 ќе дојде до функционери на СДСМ, па дури и до самиот Заев, за кој што Боки 13 тврдеше дека му дава директна поддршка и соработка? Каква поддршка во криминалното работење на Боки 13 и Меѓународниот Сојуз давал Зоран Заев или другите функционери на СДСМ вмрежени во Организацијата на Боки13, рече на дденешната пшрес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Според него јавноста веќе зборува нови докази дека невладината организација на Боки 13 е класичен параван за криминал, рекет и изнуда и на ред се институциите да ги истражат овие нови аспекти и улогата на Катица Јанева и на СЈО во дејанијата на Боки 13. Од партијата бараат на крајот тоа да заврши со соодветни пресуди и казни затвор на сите инволвирани во криминалот.