Државата мора да покаже интерес и да отвори истрага за атентатот над поранешниот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што кажа партискиот портпарол Наум Стоилковски, срамно е што се уште изостанува реакција на институциите околу сведоштвата на Стојан Андов кој директно го посочи Љубомир Данилов Фрчкоски како инволвиран во атентатот на Киро Глигоров.

Мора да се покрене истрага по овие наводи, потенцираше Стоилковски, додавајќи дека тоа би можело да биде по допрен глас, или по како и да сакаат да најдат основа и да ги наречат овие јасни нивни показатели и искази.