На магистралниот пат Куманово Крива Паланка (на излез од Куманово) патничко моторно возило „тојота јарис“ со скопски регистерски таблици, управувано од Л.С.(45) од Скопје, удрило во пешакот Д.В.(73) од Куманово. На местото на настанот, кој се случи вчера попладне  починал пешакот.

Извршен бил увид од страна на јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Куманово. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Институтот за судска медицина на обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.