ВМРО-ДПМНЕ испрати апел до Антикорупциска веднаш да го решат, како што рекоа од партијата, најголемиот случај на непотизам во историјата на Македонија и да ги санкционираат функционерите на СДСМ.

Партијата вчера поднесе барање за постапување до државната комисија за спречување корупција и достави список на 182. роднини во блиско крвно сродство кои се вработени во државната администрација и државните институции.

Очекуваме, разврска на овој најголем случај на непотизам во историјата на Република Македонија во најбрз можен рок и во најбрз можен рок антикорупционерите да ги санкционираат функционерите на СДСМ“, порача портпаролот на партијата, Димче Арсовски.

Дополнително, велат од партијата, уште еднаш го повикуваат СДСМ да си погледне во редовите и уште веднаш да ги повика функционерите да си поднесат оставки, бидејќи тоа е чин на морал.

На прсти може да се избројат роднините што си дадоа откази на работа, дали се 4-рица или 5-ца. Замислете само 4 или 5 луѓе од список со 182-ца си дале откази од работа од морални причини и само толку се одзвале на повикот на Заев да си дадат откази како што тие викаат морални причини“, рече Арсовски.