Ако немало Анекс на договорот со Бугарија зошто СДСМ не испрати демант до Каракачанов кој кажува дека Анекс има, прашува опозициската ВМРО-ДПМНЕ во денешното партиско соопштение.

Во текстот се додава:

СДСМ и Зоран Заев залудно се обидуваат да го сокријат Анексот кој им е врачен од Бугарија. Анекс со 12 точки е доставен до оваа ненародна влада во кој се бара ревидирање на историјата, промена на образовниот систем и идентитетските прашања. Овој Анекс власта на Заев веќе го преговара, што покажува дека Заев и СДСМ веќе тргуваат со историјата и идентитетот, се наведува меѓудругото во денешното соопштение од опозициската партија.