Исамедин Азизи, научен соработник – доцент во Институтот за национална историја е именуван за член на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, но не како дополнителен член, туку на местото на историчарот Александар Литовски од Националната установа Завод и музеј – Битола.

Владата по вчерашната седница соопшти дека го именувала Азизи за член на Комисијата, но не соопшти дека доаѓа на местото на Литовски. Историчарот Литовски за Фокус потврди веќе не е член на македонско-бугарската историска комисија, но за прашањето зошто, за одговори нѐ упати во Влада. -Јас не добив никакво образложение, вели кратко Литовски.

Во своите јавни настапи Литовски изјавуваше дека решението со Бугарија не е во попуштање, бидејќи според него, Бугарија постојано ќе излегува со нови барања се додека не го оствари својот Сан-стефански сон.

Од Владата за Фокус објаснуваат дека на Литовски му истекол договорот на 31 декември 2020 година