Над четири илјади луѓе се нововработени во јавниот сектор во изминативе три години. Власта на изборите ветуваше намалување за 20 проценти на администрацијата. Во 2019 јавниот сектор броел вкупно 143 илјади административци, пишува Радио Слободна Европа.

Намалување на администрацијата за 20 проценти беше ветувањето што лидерот на СДСМ Зоран Заев го даде во март 2020 година. Во тој период од министерството за информатичко општество и администрација беше објавен извештај кој го посочува токму спротивното, односно, дека во годината претходно бројот на вработени во администрацијата бил зголемен за речиси 900 нови административци. Заев тогаш изјави дека доколку добие нов мандат администрацијата ќе биде намалена преку два модела.

Целиот текст овде.