Oд Владата се подготвени пред пратениците да презентираат информации поврзани со преговорите со Бугарија.

„Во комуникација, е потврдено дека постои интерес за одржување сесија во Собранието. Периодов ќе следи усогласување на термините согласно со агендите, по што јавноста ќе биде информирана“,

изјавиле од Владата за МИА.

Претходно, претседателот Стево Пендаровски рече дека, според негови сознанија, најверојатно следната недела Акцискиот план со Бугарија ќе се најде пред собраниската Комисија за европски прашања или за надворешна политика.

„Она што го знам како последна информација е дека најверојатно следната недела, ќе реферираат пред на собраниската Комисија за европски прашања или во Комисијата за надворешна политика двајцата во оваа смисла надлежни министри, значи Димитров за евроинтеграции и Османи…,“

рече Пендаровски, додавајќи дека одлука на членовите на Комисијата е дали седницата ќе биде отворена или затворена за јавност.

Претседателот не гледа причина зошто да нема седница на која ќе се информира за тековните активности со Бугарија.

„Мислам дека е донесена одлука во Владата тоа да се случи. Нема причина зошто да не се случи. Тоа е нивна практично и тековна обврска одвреме-навреме да ги информираат законодавниот дом и пратениците. Значи, ќе има таква сесија, на која сигурно ќе се разговара и за најновиот развој на настаните во таа смисла, во смисла на документи