Статусот на Фејсбук објавен од генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски собранискиот спикер го протолкува вечерва како порака од партискиот лидер Зоран Заев и ја прекина 135 седница на Собранието на која требаше да се гласа Законот за ЈО.
Седницата која требаше да почне во 15 часот, беше презакажана за 21 часот, а и тогаш започна со доцнење. Причина за ова, како што веќе објави Република, беше пазарот меѓу СДСМ и ДУИ за шверцерско прекројување на изборните единици, а за возврат ДУИ да го поддржат Законот за Јавно обвинителство.
азвојот на настаните и очигледната нервоза во владината коалиција упатува на заклучокот дека двотретинското мнизонство и покрај уцените и заканите и пазарењата не е постигнато.
Од друга страна, претходно, партиите пријавија притисоци од партијата на власт, СДСМ, за нивни пратеници да гласаат за Законот за ЈО по теркот на Заев.
Повеќе политички партии брифираа дека притисоците врз пратениците и трговијата со гласовите се случува само десетина часа откако лидерот на СДСМ Зоран Заев изјави дека до раните утрински часови правел консултации за да обезбеди 80 пратеници за усвојување на новиот закон за Јавно обвинителство.
Слично како и кога се гласаа уставните измени во игра се и ветувања за милионски суми за пратеници кои ќе го дадат својот глас за новиот закон за ЈО. Во случај да одбијат, за дел од пратениците во игра се и закани дека може да одговараат за тешки кривични дела. Вакво нешто слично се случуваше кога се гласаше промената на уставното име на државата.
Comments are closed for this post.