Власта денеска ќе направи нов обид да го донесе законот за попис кој ја подели јавноста но и партиите. И за едните и другите е заедничко дека попис треба да има, но прашањето е каков?

Сигурно не каков што наумила власта  и на кој треба да се попишуваат сите на купче. И оние што живеат во Македонија во моментов и оние се иселени односно се дијаспора.

Но, тоа е надвор од стандардите на Еуростат кој бара да се попишува само актуелното односно т.н резиденти. Дури и тие што се надвор од Македонија подолго од една година не треба да бидат попишани.

Зачудува и односот на .ЕУ кон пописот и рамнодушноста кон целата операција.Од ЕК за „Република“ вчера изјави дека очекуваат попис по европски стандарди и оти знаат за недостатоците. Но, не побараа нивно повлекување од предлог законот.

Спорно е и тоа што не се знае како ќе одвива самиот процес на попишување. Дали во моментот кога  попишувачите ќе дојдат во домот ќе се регистираат членовите на домаќинството кoи во моментот се присутни или еден од семејството ќе може да ги издиктира матичните броеви на останатите кои можеби живеат во Македонија а можеби и одамна се иселени. Сето тоа остава голем простор за сомнеж.

Директорот на Заводот за статистика Ангел Симовски за „Алфа“ убедува дека начинот на спроведување е техника и тоа не се дефинира во законот.

Цела методологија не може во законот. Методологијата е стручна работа, а ние имаме лошо искуство кога дел од методологијата беше во закон во 2002 и на сред седница со амнадман и се даде право пописот да го спроведува Државна пописна комисија, не Завод за статистика, тоа е преседан, прекршивме закони затоа не се даваат методолошките детал, вели Симовски.

Доколку власта успее да собере 61 пратеник и го изгласа законот за попис, опозицијата најави негово понишување во Собранието преку собирање потписи од граѓаните.

Онлајн петиции за негово поништување преку социјалните мрежи веќе започнаа…