Со 68 гласа собранието му даде амин на францускиот предлог. Сите присутни пратеници во собраниската сала, во моментот кога информацијата за францускиот предлог беше ставена на гласање, а откако се исцрпи листата на дискутанти, гласаа ЗА. Претходно, салата ја напуштија пратениците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ како и пратениците од Левица.

Исходот од гласањето беше проследен со аплауз од пратениците од СДСМ и од партиите на Албанците. Тие извадија македонско и европско знаме во салата.

Со тоа, Собранието на Македонија ги прифати предлог-заклучоците поднесени од пратениците Јован Митрески од СДСМ и Арбер Адеми од ДУИ.

Претседателот на Собранието Џафери потоа рече дека за во 14 часот го закажува продолжението на седницата за ребалансот на буџетот.