Откако пред неколку дена медиумите објавија нова листа на нарко босови oд регионот кои добиле македонски пасош, станува јасно дека власта подеднакво се грижела сите криминални групи да добијат наши документи.Албанска мафија, италијанска „Ндрангета“ но и црногорските Шкаљарски и Кавачки клан.

Водачите на овие кланови, Јовица и Игор Вукотиќ, Радоје Звицер, ликвидаторот Стефан Ѓукиќ…сите тие имаат црвени македонски пасоши.

Но, се чини дека најголемо внимание предизвика тоа што во декември 2017 година, неколку месеци по доаѓањето на власт на Зоран пасоши добиле Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ, замемиците шефови на Кавачкиот клан. Па така, Игор Дедовиќ станал Горан Тасевски, а Стаматовиќ Емил Филипов.

Долго не го користеа македонскиот пасош.

Убиството кое го потресе регионот се случи на 19 јуни минатата година во Атина. Тогаш беа убиени Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ, водачи на озогласениот Шкаљарски клан. Медиумите во регионот пишуваа дека тие влегле во Грција со лажен пасош но не се знаеше со каков Сега е јасно дека тоа бил македонскиот…

Дедовиќ и Стаматовиќ беа изрешетани во еден ресторан додека седеа со свои сопруги и децата. Напаѓачите точно знаеле за нивната локација бидејќи сопругите се чекирале на Фејсбук.

Им пукале на двајцата во главите, а во ресторанот влегле мирно, така што сите во првиот момент помислиле дека се гости.

И двајацата имаа по 43 години и досега имат прошверцувано кокаин во вредност од над 300 милиони евра.

Има две верзии зошто се убиени.Првата е дека тоа е дело на ривалскиот Кавачки клан, а другата е дека ,Игор Дедовиќ, наводно бил вмешан во шверц на 20 тони кокаин 2019 година во Филаделфија и дека тој е виновен за губење на нелегалниот товар.