Владата на денешната седница донесе одлука за нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, соопшти преку „Фејсбук“ премиерот Зоран Заев.

Се скратува работното време на угостителските објекти до 21:00 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна. Оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а исклучени се угостителските објекти на ТАВ аеродромите во Скопје и Охрид.

На седницата донесовме и одлука за забрана за групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор после 21:00 часот.

Владата денеска усвои препорака за сите домашни и странски граѓани после 21:00 часот да не се движат на јавен простор доколку немаат важни и неопходни потреби.