Владата им препорачува на државните институции да донираат пари за обновување на „Глобал“
Пожарот кој на почетокот од годинава избувна во трговскиот центар „Глобал“ во Струмица предизвика голема материјална штета. Премиерот Зоран Заев по посетата на опожарениот објект најави дека ќе помогнат во духот на солидарноста.
И додека македонските граѓани се уште чекаат вакцини против коронавирус, додека бројот на невработени се зголемува, наместо Владата со конкретни проекти кои ќе донесат бенефит на граѓаните да им помогне, ќе му помага на „Глобал“.
На вчерашната седница Владата усвои информација со која на сите државни и јави институции им се препорачува во духот на хуманизмот и солидарноста да донираат за обновување на опожарениот трговски центар „Глобал“. Ова значи дека со пари на граѓаните ќе се обновува приватен објект, за кој за потсетување Заев е аболициран.
Владата на Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата во врска со доставениот Повик за донација од Здружението на граѓани ОБНОВА НА ГЛОБАЛ – Струмица и донесе заклучок да им препорача на органите на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, на единиците на локалната самоуправа во Северна Македонија, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, како на приватниот сектор имајќи ги предвид хуманизмот и солидарноста како темелни вредности на уставниот поредок, во рамките на своите финансиски можности да донираат средства на Здружението на граѓани ОБНОВА НА ГЛОБАЛ – Струмица со цел обновување и реконструкција на опожарениот објект на ГТЦ Глобал – Струмица, се вели во соопштението од Владата по одржаната седница.
Овој трговски центар во јавноста е познат по аболицијата токму на Заев. Во тоа време како струмички градоначалник беше уапсен па аболициран од тогашниот претседател Бранко Црвенковски под сомнение за вина за изградбата на „Глобал“ за која документите тогаш презентирани во медиумите покажуваа дека е бесправна.
Актуелниот премиер Зоран Заев, кој своевремено беше градоначалник на Струмица, е единствениот аболиран политичар во Македонија, во случај токму поврзан со споменатиот трговски центар „Глобал“. Лидерот на СДСМ во повеќе наврати рече дека е подготвен да се соочи со обвинениото за криминалот од 8 милиони евра кој му се става на товар за случајот „Глобал“ но всушност расветлување на слуачјот досега немаше.
Во легализација на објектот поради кој во 2008 година беше уапсен Заев учествувале сопственици на фирмата „Де лукс инжинеринг“ кои истовремено биле и косопственици на фирмата „Сара инжинеринг“, каде сопственик е и родениот брат на Зоран Заев, Вице Заев. Двете фирми кои се јавуваа како сопственици на објектот „Глобал“ така директно биле поврзани со луѓе блиски со тогашниот градоначалник Заев. Тогаш упатени во случајот „Глобал“ сведочеа дека тоа е „школски пример“ како имот изграден на незаконски начин преминува во рацете на кланот Заеви.
Comments are closed for this post.