Во однос на кинеската вакцина која беше најавувана дека ќе пристигне во земјава до крајот на овој месец, а тоа е до крајот на оваа недела, Филиипче рече дека се уште се работи на некои дополнителни документи, се разгледуваат членови во договорот…

Од вчера е започната постапката за набавка на 100 000 дози од руската вакцина, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.

На вчерашната затворена владина седница, тој е овластен да потпише договор, по истиот принцип како и со сите останати.

„Од вчера попладне веќе интензивно разговараме, и преку претставниците во руската амбадада ќе се обидеме да дојдеме до поконретни информации кога би пристигнале вакцините тука, соопшти Филипче.

Во однос на кинеската вакцина која беше најавувана дека ќе пристигне во земјава до крајот на овој месец, а тоа е до крајот на оваа недела, Филиипче рече дека се уште се работи на некои дополнителни документи, се разгледуваат членови во договорот…

„И денеска ќе продолжи таа комуникација и во следните денови ќе имаме и конкретен датум“, истакна Филипче.