На денешната владина седница е најавено дека ќе биде разгледан и предлогот за разрешување на директорката на Националната агенција за европски програми Лидија Димова.

Според премиерот, има доволно аргументи за таа да биде разрешена од етички причини.

Лично јас, тој предлог ќе го поддржам, односно доколку Владата се согласи, ќе дадеме сугестии до Управниот одбор да постапи заради етички дел. Другиот дел е нешто што го работат други институции, а тоа е за евентуална кривична одговорност за незаконско работење. Има доволен етички дел каде што треба да се понесе одговорност и се согласувам дека Владата треба да реагира за вакви прашања, нагласи Заев.