Владата демантира дека премиерот Зоран Заев имал контакти со турскиот криминалец кој во моментов е во бегство од органите на прогонот на Турција, Седат Пекер, кому наедно му бил издаден пасош со лажен идентитет од полициската управа во случајот „Двојник“.
Пекер во видео порака пред неколку дена напомена дека се знае со македонскиот премиер и дека бил во неговиот дом.
-Премиерот Заев и неговото семејство немало и немаат и никакви средби и соработки и конекции со Пекер. Категорично ги отфрламе како лаги и манипулации во кое семејството Заев се поврзува во било каква корелација со споменатото лице, изјави Душко Арсовски, портпарол на Владата.
Comments are closed for this post.