Европската Унија воведува т.н. заштитни мерки за увоз на производи од челик, алуминиум и железо, со кои е опфатена и Република Македонија, чија економија ќе биде значително погодена од нив, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Како што објаснува Николовски, со тие мерки се воведуваат квоти за извоз на овие производи во ЕУ кои откако ќе бидат исполнети воведува царина од дури 25%. Тоа, вели Николовски, народски кажано значи воведување на санкции кон Македонија и останатите земји кои не се членки на ЕУ во делот на извоз на челик, алуминиум и железо како и производи од истите.

Николовски анализира дека таквата одлука е драматичен удар за македонската економија која ќе загуби реализација на 200 милиони евра, со оглед на тоа што металуршката индустрија е еден од најголемите извозници и на неа се потпира голем дел од бруто домашниот производ како и економскиот раст.

Од тие причини, Николовски предлага серија мерки за да се делува за намалување на негативните ефекти врз македонската економија.

• Прво, да формира кризен штаб со претставници на Владата и компаниите кои се најзасегнати. Проблемот да се решава на највисоко ниво, а недозволиво е да се решава на ниво на Вице Премиер за евроинтеграции, потребно е целата Влада да се вклучи во решавање на проблемот.

• Второ, да воведе даночни олеснувања за овие компании.

• Трето, да воведе олеснувања во делот на придонесите за здравствено, пензиско и персонален данок за работниците од овие индустрии како не би ги изгубиле своите работни места.

• Четврто, премиерот лично да тргне од главен град до главен град на земјите членки на ЕУ да се среќава со сите што ќе го примат и да моли овие квоти да не важат за Македонија. Во земјата да се врати само кога ќе ја заврши работата.
Исто така сите кадровски и стручни потенцијали на ВМРО-ДПМНЕ стојат на располагање и ги нудиме како такви да и помогнеме на владата.

• Петто, да формирање на тело составена од претставници на владата и најзегнатите компании кои што активно и итно ќе почнат да бараат нови пазари за овие производи како загубата би била што помала.