Информации за првична излезност, раздвиженост во партиските штабови. Вака денеска требаше да започне денот доколку како што беше планирано се одржеа предвремените парламентарни избори. Корона вирусот спречи денеска партиите да видат колкава е поддршката кај граѓаните.

Проверката ќе ја остават кога ќе запре епидемијата со вирусот но кога тоа ќе се случи никој не може да предвиди. Најоптимтичките прогнози се дека на избори би можеле да одиме кој крајот на јуни или почетокот на јуни, но пореално е тоа да се случи наесен.

Сите изборни дејстија во овој момент се стопирани и кога би се одело по редослед веднаш откако ќе се укине вонредната состојба би требало да почне изборната кампања.

Но, малку е веројатно дека така и ќе биде бидејќи најнапред треба да се одреди нов термин за избори, кој во никој случај не би бил пократок од 60 дена.

Иако кандидатските листи се веќе предадени во ДИК а некои од партиите и ги промовираа постои можност на оние партии кои тоа не го сторија да им се остави простор да поднесат свои кандидати за пратеници во Собранието.