Поради продор на постудена воздушна маса од север, денеска ќе преовладува променливо облачно време со засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието и на повисоките места, каде повремено ќе надминува 70 км/час.

Ќе има повремен локален дожд, а на планините снег уште од претпладневните часови, претежно во западните и северните делови.

Дневните температури значително ќе опаднат.

Слаби локални врнежи се можни и во недела.