Летното сметање на времето започнува на 31 март во два часот по полноќ, така што стрелките на часовникот ќе се поместат еден час нанапред, па наместо два часот ќе биде три часот по полноќ. Летното сметање на времето во 2019 ќе заврши на 27 октомври во три часот по полноќ, кога часовникот ќе се помести наназад и всушност ќе биде два часот по полноќ. Одлуката за почетокот и завршувањето на летното сметање на времето е донесена на седница на Bлада, а потоа објавена во Службен весник.

Донесувањето на оваа одлука придонесува кон следење на долгорочната економска политика на Република Северна Македонија за асоцирање кон Европската унија, како и водење сметка за непречено функционирање на одредени сектори не само за транспорт и врски, туку и други сектори од индустријата кои бараат стабилно и долгорочно планирање, соопштуваат од Министерството за економија.