Владата  ја разгледа и усвои  информацијата и Предлог – Планот за мерки, активности и динамика на спроведување на процесот на проверка (ветинг) на вработените во Министерството за внатрешни работи.

Таа го задолжи министерот за внатрешни работи, најдоцна до 21 октомври 2019 година, да ја формира работната група утврдена за спроведување на процесот на ветингот на вработените во Министерството за внатрешни работи и преку Претседателот на Собранието да побара во работната група да земат учество најмногу тројца претставници од политичките партии во Собранието  кои ќе бидат во улога на набљудувачи на процесот на ветинг во Министерството за внатрешни работи.